Band,
Singer / Musician
Sympho black/death metal band, which consist 6 members (lead guitar, rhythm guitar, keyboards, bass guitar, drums and vocals). Damjan Klincharevski aka.Thy Infernium - Vocals, Cvetan Spirkoski - Guitar, Ivan Jamandilovski - Guitar, Dijana Peshovska - Keyboards, Ivan Tomich - Drums, Igor Stojkovski aka. Igor Blackmore - Bass guitar **FORMER MEMBERS: Lazar Spirov (Guitars) Bojan Peshevski (Drums) Martin Cvetkovski (vocals) Krste Krstevski (bass) Gorjan Vasilevski (bass) Damjan Davchevski (bass) Ambroz е симфоничен death black метал бенд од Скопје. Формирани се во 2004 година од страна на Дијана Пешовска на клавијатури и Цветан Спиркоски на гитара. Првиот концертен настап на бендот се случува во клубот „Вулкан“ во 2006 година во Скопје. Во првичната постава на групата членуваат и Мартин Цветковски како вокал, Крсте Крстевски на бас, Бојан Пешевски на тапани и Лазар Спиров на гитара. По тој концерт направени се уште неколку настапи пред бендот да се препушти на едногодишна хибернација. Со лирските тематики на бендот се врши естетизација на грдото, а со помош на боите на очајот и болката се исцртуваат демонските контури на едно вечно пеколно телесно и спиритуално измачување. Во 2008 година Ambroz го снимаат нивното прво демо издание насловено „Night Funeral“ кое ги содржи трите композиции: „Maze in Abyss“, „Night Funeral“ и „Cold Eyes of Winter“. Во периодот пред снимањето на нивното прво демо, гитаристот Лазар Спиров го напушта бендот и на негово место доаѓа Иван Јамандиловски. Во почетокот на 2009 година Иван Томич се приклучува на бендот на тапани и Ambroz почнува со работа на нов материјал. Таа година бендот настапува на „Рокфест“. Во летото Мартин Цветковски си оди од Ambroz и во ноември е заменет со Дамјан Клинчаревски, вокалот на Storm. Во јануари 2010 година Ambroz ја снимаат новата демо композиција „The Path of Sins“, промовирајќи ја новата постава на бендот на најразлични концертни настапи со домашни бендови. Во мај истата година го снимаат новиот сингл „Kingdom of Chaos“. По летната пауза бендот се враќа во гаража компонирајќи нов материјал со цел да биде составен дел од долгосвиречки албумкој би излегол во продажба наредната година. Во ноември 2010 година Горјан Василески, басистот на Mortality и Maras се приклучува на бендот и Ambroz го освојуваат првото место на „Total Demo Fest“. По неколкумесечно музицирање со бендот, Горјан го напушта Ambroz и на негово место доаѓа Дамјан Давчевски. По неколку концерти со Ambroz, басистот Дамјан го напушта бендот и на негово место доаѓа денешниот басист Игор Стојковски. Во 2011 година бендот ја дели бината со српските трешери Infest и францускиот death black метал бенд Svart Crown, додека пак во ноември наредната година Ambroz свири заедно со бразилскиот death thrash бенд Krow. Од летото 2013 година тапанарот Иван Томич паузира од бендот и по едногодишната пауза повторно се враќа во Ambroz. Во тој период негова замена за живите настапи на бендот беше Кристијан Серафимовски, тапанарот на бендот Exotist. Во 2014 година Ambroz направи неколку свирки, вклучувајќи го и хуманитарниот концерт на кој учествуваа и македонските бендови Beyond the Horizon, Maras и Apotheosis а годината ја завршија делејќи ја сцената со Groaned Cold I српскиот black метал бенд The Stone . На 13 Февруари,2015 ,го издадоа првиот долгосвиречки албум насловен,Into The Endless Void,кој е составен од осум песни,The Path Of Sins, Eternal Persecution, Kingdom Of Chaos, Into Endless Voids, Torture, The Rising Of Ambroz, She,The Destroyer, Prophecy. На 18 Април,2015,го промовираа нивниот албум во Софија,Бугарија во бар-клуб “Адамс” со поддршка од бугарските бендови Belgarath и Diabless а продолжија да го промовираат и дома на неколку концертни настапи. Во Октомври,во Софија,Бугарија,учествуваат на фестивалот “Autumn Souls Of Sofia” на кој бината ќе ја делат со Frostmoon Eclipse-Italy, Moribund Oblivion-Turkey, The Father Of Serpents-Serbia, Bleak Revelation-Bulgaria, Sources Of I-Bulgaria, Cupola-Bulgaria, Dimholt-Bulgaria.
Ivan Jamandilovski g |
Ambrož Božiček Rock and Pop Band |
Ambrož Čopi Band |
Ambrozia Dance Band JP |
Ambrozijn Folk and World Band BE 1997-2007 |
Ambroży Gizela Nojźk Band PO |
Ambroży Mieroszewski Band PO 1802-1884 |