Band,
Hip-Hop/Rap and Pop
Дуото ДНК е оформено во 2001 година, а е составено од Андреја Ѓорѓиески – Андреј и Владимир Блажев- Панчо. Како артисти со претходно музичко искуство и образование ( Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимаат и видео запис. Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2003 година, се наоѓа и на албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија ги донесе најдобрите светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии настапи низ целата држава се најпосетени. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура. Поддршката која што ДНК секојдневно ја добиват од својата публика им донесе енергија и љубов да го изработат и нивниот втор албум кој што излезе во јуни 2010-та, насловен "Кажано е се". Албумот кој содржи 18 песни го издаде нивната матична куќа "Продукција Република", а продуцент на целиот албум е Врчак. "Кажано е се" доби и свое ексклузивно пакување што беше промовирано и пуштено во продажба во август 2010 година. На 24ти Септември 2011 год. ДНК конечно го одржаа свој прв голем солистички концерт во "Метрополис Арена " ( Скопски Саем ) во Скопје , комплетно подржани од бенд во живо пред повеќе од 7.000 илјади нивни фанови . Со тоа се запишаа во историјата на Македонската музика како едни од ретките домашни артисти кои успеале да направат успешен солистички концерт . Веќе наредната, 2012-та година, ДНК повторно ја изненадија својата публика со нови синглови но и со акустичен концерт во Универзалната сала во Скопје кој што беше прогласен за еден од најдобрите концерти на годината. Новите синглови, соработки со реномирани светски и балкански Хип Хоп и Р&Б имиња, ремикси и кавери кои во период од 3 години достигнаа бројка од 16 песни беа ставени на еден нов носач на звук, насловен „Срце“ и во Мај 2013-та беше испромовиран пред бројни колеги и пријатели на ДНК. Продуцент на овој албум на ДНК е Лазар Цветкоски, кој е автор на повеќе од половина песни од албумот, а Панчо се јавува како ко-автор и текстописец на сите нумери. За многу кратко време, првиот тираж од „Срце“ беше распродаден, со што ДНК станаа едни од најбараните и најпочитуваните музичари од Р&Б/поп сцената во Македонија. Сосема заслужено, во ноември ДНК ги добија првите медиумски награди од естрадниот магазин „Бекстејџ“, за најдобар албум и најголем хит „Срце“ во 2013-та година. Во моментов Панчо и Андреј работат на нови видео записи за песните од третиот албум, но подготвуваат и нов материјал кој што ќе се најде на четвртиот по ред студиски албум кој е планиран да излезе во 2015та година.
Andreja Gjeorgjieski voc | |
Vladimir Blažev voc |
Title | Artist | Year | Type |
---|---|---|---|
Уште Еден Ден | DNK | 2016 | Album |
Срце | DNK | 2013 | Album |
Кажано е се | DNK | 2010 | Album |
Puma And Dnk | DNK | 2006 | Album |
Pazi Dete | DNK | 2003 | Album |
The Best Of | DNK | Compil. |